Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla планира да собере пет милијарди долари преку нова емисија на акции.
Меѓу агентите што ќе ја водат продажбата на акциите на Tesla се големи банки, како што се Goldman Sachs, Bank of America Securities, City Group Global Markets и Morgan Stanley, пишува Ројтерс.
Оваа одлука на компанијата доаѓа веднаш откако на сила стапи таканаречената поделба на акции (stock split) во чии рамки секој акционер ќе добие по пет нови за секоја акција што во моментот ја поседува. Бројот на издадени акции на овој начин ќе биде неколкукратно зголемен, но нивната вкупна вредност останува иста, бидејќи преку stock split не се зголемува нивната вредност.
Во однос на докапитализацијата на Tesla, во висина од пет милијарди долари, тоа ќе биде прва продажба на нови акции по берзанското деби на компанијата пред околу 10 години.
Фото: Pexels