Tesla мора да повлече 12.300 возила

132

Американскиот производител на електрични возила, Tesla мора да повлече околу 12.300 возила од Model X ширум светот поради проблеми со лајсни, објави германската управа за моторни возила.

Во соопштението се наведува дека повлекувањето се однесува на автомобили произведени 2015-та и 2016-та година, пренесува Ројтерс.

Како причина за повлекување на возилата се наведува дека постои ризик од отпаѓање на лајсните од возилата во текот на возењето.

Фото: Tesla