Tesla Motors ја отвори првата фабрика во Европа

25

tesla motors

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla Motors, ја отвори првата фабрика во Европа со цел да ја зголеми продажбата на стариот континент и да остави производство од половина милион автомобили на глобално ниво до 2020 година, пишува Financial Times.

Фабриката се наоѓа во градот Тилбург, Холандија и е прва направена надвор од домашниот пазар на Tesla Motors. Се очекува оваа фабрика да произведува околу 450 автомобили неделно, а располага со капацитет од 1.000 возила за една седмица.

Според Елон Маск, кој е главен и извршен директор на Tesla Motors, оваа фабрика “има голем простор за раст и експанзија“, додавајќи дека компанијата планира да бара нови места за производство на нивните возила во Европа.

Анализите покажуваат дека повеќе од половина од продажбата Tesla Motors ја реализира во САД, околу 30% во Европа и помалку од 10% во Кина, иако во оваа земја гледаат најголем потенцијал.