Tesla оспорува одлука според која Маск мора да избрише еден твит

33

Американскиот производител на електрични возила, Tesla поднесе приговор во којшто бара судот во Њу Орлеанс да ја преиспита одлуката на Националниот одбор за работни односи, донесена на 25-ти март, пренесува Ројтерс.

Станува збор за одлука со којашто се наведува дека Tesla го прекршила законот за труд, кога отпуштила активисти на синдикат во 2018 година. Освен тоа, од судот бараат да се преиспита одлуката со којашто му се наредува на Маск да избрише твит од 2018 година, бидејќи е означен како “антисиндикален“.

“Ништо не го спречува тимот на Tesla во нашата фабрика за автомобили да формира синдикат. Можат ако сакаат уште утре можат да го направат. Но, зошто би плаќале членство во синдикат и да се откажат од правото на акции? Нашите податоци за безбедност на работа се двојно подобри одошто кога беше синдикатот на Обединети работници во автомобилската индустрија, а сите веќе имаат и здравствено осигурување“, стои во твитот на Маск.

Одборот му наложи на Tesla на отпуштениот работник да му понуди шанса да се врати на должност и да ги укине прописите од 2017 година со коишто на работниците им се забранува дистрибуција на информации со синдикална содржина без претходно одобрение на компанијата.

Фото: Pixabay