Tesla продаде 75 отсто од биткоините, иако Маск рече дека нема да го стори тоа

138

Компанијата на Елон Маск, Tesla објави дека продала поголем дел од своите биткоини. Производителот на електрични автомобили вели дека продал 75 отсто од своето крипто-средство во вредност од околу 2 милијарди долари на крајот на 2021 година.

Тие одлучија да продаваат бидејќи вредноста на криптовалутата падна за повеќе од 50 отсто оваа година, пишува Би-Би-Си. Шефот на Tesla беше меѓу најистакнатите поборници на криптовалутите, а неговите изјави на социјалните мрежи честопати поттикнуваат значителна активност на крипто-пазарите.

Инвестицијата на Tesla од 1,5 милијарди долари во биткоин, откриена во февруари 2021 година, поттикна пораст на побарувачката за дигиталните пари. Неговата цена скокна на 70.000 долари минатата година и тоа беше врвот пред падот. Денес, еден биткоин се продава за околу 22.000 долари.

Tesla престана да прифаќа биткоин како средство за плаќање за своите автомобили минатата година, наведувајќи ја загриженоста за климатското влијание на енергетско интензивното ископување биткоин. Во тоа време, Маск на социјалните мрежи рече дека компанијата нема да го продаде биткоинот што го поседува. „Tesla нема да продава биткоин“, напиша тој на Twitter.

Но, сега знаеме дека една година по тој твит, Tesla сепак го продаде најголемиот дел од својот биткоин, па ова е уште едно неисполнето ветување на Маск, пишува Би-Би-Си.