Tesla продаде скоро пола милиони електрични возила во 2020 година

57

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla соопшти дека во 2020 година испорача повеќе возила од очекуваното поради зголемената побарувачка за електрични возила.

Компанијата на Илон Маск испорача 499.550 возила во 2020 година, што е над проценките на Wall Street од 481.261 возило, пренесува Ројтерс.

Годишната испорака е нешто помала од планираната на Маск кој најави над пола милион испорачани возила.

Фото: Pixabay