Tesla забележа профит во 2020 благодарение на своите ривали

31

Акциите на Tesla бележат раст на цената веќе некое време, сепак има еден клучен придонес во целиот интерес кој владее околу производителот.

Tesla во 2020 година, која жестоко ја погоди автомобилската индустрија и беше девастирачка за производителите, успеа да забележи профит. Сепак, она што ретко кој го знае е дека нивниот профит не е направен од продавање на своите автомобили.

Со зголемувањето на грижата меѓу купувачите поради своите „карбонски отпечатоци“, веројатно е изненадувачки дека компанија која е специјализирана за производство исклучиво на електрични автомобили како Tesla забележа профит во сите четири квартали во една година, за прв пат во својата историја во 2020 година. Но, она што е уште повпечатливо е тоа што овој успех не го постигнаа со претставување на поевтини модели, продажба на повеќе автомобили или кратење на трошоците. Не, наместо тоа, тие остварија профит благодарение на продажба на „електрични кредити“ на ривалските компании.

11 држави во САД бараат од производителите да пресретнат строги таргети за емисија дизајнирани да ги охрабрат производителите да продаваат повеќе електрични возила. Доколку не успеат во такво нешто, тие мораат да купат регулаторни кредити од друг производител. Со оглед на тоа дека Tesla не продава ништо друго освен електрични возила, тие на своето конто имаат вишок такви кредити. Овие кредити потоа се продаваат на ривалски компании со 100-процентен профит.

Tesla имала приход од 3,3 милијарди долари од регулаторни кредити во изминатите три години, со 1,6 милијарди заработени само во 2020 година. Без продажбата на кредити, Tesla ќе забележеше загуба во 2020 година. Сепак, од друга страна, компанијата истакнува дека не зависи од продажба на овие кредити за да биде профитабилна, со оглед на тоа дека бруто добивката од нивниот автомобилски сегмент бил 5,4 милијарди во 2020, дури и без приходот од регулаторните кредити. Ова е поттикнато поради растечкиот раст на клучните пазари, вклучително и Кина.

Преземено од Avtoplus.mk