Тест Škoda Fabia: Повеќе од суптилна

27

Некогашна мета на автомобилски критики, а денес бренд со кредибилитет којшто спремно одговара на извиканите светски имињата. Моделот Fabia беше еден од главните инструменти во оваа трансформација на брендот

Како модел во еден од најконкурентните сегменти, Fabia се соочува со навистина голем број на ривали, од европско, јапонско и корејско производство. Сепак, ова и не е изненадувачки со оглед на фактот дека овие мали автомобили се едни од најпосакуваните и најпобаруваните модели на пазарот.

Нов дизајн со урбан карактер

Третата генерација на Škoda Fabia за прв пат се појави на пазарот во 2014 година, а досега производителот може да се пофали со речиси 700.000 продадени примероци. Додека роднинските ривали како Ibiza, Polo и Audi A1 добија целосно нова платформа и беа целосно редизајнирани, новата Fabia претставува само подотерано издание кое се вози сè уште на старата. Промените во дизајнот на ова издание од 2018 година се ограничени на нови предни и задни светлосни уреди, кои сега за прв пат доаѓаат со LED осветлување. Тука е и подобреното ниво на стандардна опрема, дополнителната технологија за активна безбедност, како и понудениот спектар на погонски единици кој е поеколошки ориентиран, што значи дека дизел моторите се целосно исклучени.

Повеќе прочитајте на Avtoplus.mk