Тетекс работеше со загуба од 12,7 милиони денари во првото тримесечје

11

teteks tetovo

Компанијата Тетекс од Тетово во првите три месеци од оваа година работеше со загуба од 12.763.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од минатата година, Тетекс прикажа загуба од 32.853.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Тетекс, за период од 01.01. до 31.03. се на ниво од 58.122.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 28.570.000 денари, додека остатокот од 29.552.000 денари се реализирани на странски пазари.