Тетекс за девет месеци евидентираше 44,4 милиони денари добивка

43

teteks-tetovo

Тетекс од Тетово, во текот на деветте месеци од оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 44.405.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа добивка од 36.341.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември 2017 година, изнесуваа 148.791.000 денари. Од тој износ на домашен пазар се реализирани 78.735.000 денари, а на пазари во странство продажбата достигна 70.056.000 денари.

Тетекс од Тетово е компанија што се занимава со текстилна индустрија. Исто така има вложување и во други дејности: банкарство, електро – машински услуги и инженеринг, трговија со нафтени деривати и слично.