“Тежи“ 85 милијарди долари, а со години користеше телефон од 20 долари

202

Милијардерот Ворен Бафет, кој е четврти најбогат човек на светот, со години користеше телефон којшто на ebay може да се купи по цена од 20 долари, Samsung SCH-U320, иако неговата компанија Berkshire Hathaway поседува удел во Apple.

Поради телефонот често беше предмет на шеги, а медиумите пренесуваат дека еднаш и самиот се пошегувал изјавувајќи: “Ми го позајми Александер Грахам Бел, а јас заборавив да му го вратам“.

Тој долго беше верен на моделот претставен во јули 2010 година со 2,2 инчен екран во боја.

Дури пред неколку дена го замени со најнов модел на iPhone, а го користи само за телефонски разговори. Телефонот iPhone 11 му го дал Тим Кук, извршниот директор на Apple.

Berkshire Hathaway поседува 5,5% од акциите на Apple којшто во декември вредеше 72 милијарди долари, а Forbes богатството на Бафет го процени на 85,5 милијарди долари.

Фото: Facebook