The Lion King на Disney со заработка од една милијарда долари

49

Римејкот на популарниот долгометражен цртан филм од 1994 година, The Lion King (Кралот лав), со само 19 дена прикажување во светските кино сали заработи над една милијарда долари, пишува Variety.

The Lion King е четврти по ред филм на Disney што годинава направи заработка од над една милијарда долари на бокс-офисот. Со ова тој се приклучи на Avengers: Endgame, Captain Marvel и Aladdin.

Ова е уште еден доказ за доминацијата на копанијата во филмската индустрија. Благодарение на овие филмови Disney има 38% од уделот на домашниот пазар.

The Lion King има заработка од 361 на домашниот бокс-офис, а во светски рамки 638 милиони долари. Надвор од САД најмногу има заработено во Кина 115 милиони, Велика Британија 48 милиони и Бразил 44 милиони долари.

Фото: Facebook