The Spark -енергетски ефикасен центар за податоци што обезбедува енергија за цел град

45

Норвешката архитектонска фирма Snøhetta и компанијата за недвижнини MIRIS претставија дизајн за The Spark, урбан центар за податоци што користи вишок на топлина за да снабдува градови со енергија, пишува Inhabitat.

Прототипот којшто е претставен како решение за глобалната енергетска криза е дизајниран да снабди градови до 18.000 жители со енергија. Градот Ос којшто е лоциран јужно од вториот по големина град во Норвешка, Берген ќе биде прва општина којашто ќе го тестира концептот како дел од планот да стане првиот енергетски позитивен град во светот.

Проектот е создаден во соработка со Skanska, Asplan Viak и Nokia, а се базира на истражување коешто ги проучи енергетските отпечатоци на центрите за податоци и начинот на којшто тие би можеле да бидат редизајнирани за енергетска ефикасност. Според истражувањето 40% од вкупната енергетска потрошувачка во светот ја прават зградите, додека центрите за податоци трошат околу два проценти.

Традиционално центрите за податоци се лоцирани на одалечени локации, но The Spark, ќе биде лоцирана во центар на град со цел вишокот на топлинска енергија да биде искористена да ги опслужува околните згради како и да ја намали вкупната потрошувачка на енергија за 40%.

Градбата ќе биде еден вид на одржлив бизнис парк којшто ќе создаде најмалку 4.000 нови работни места со илјадници домаќинства во околината. Доколку проектот е успешен Лисепаркен ќе стане првот енергетски позитивен град на светот. Тhe Spark, ќе биде конструиран според Powerhouse стандардот кој содржи сет на правила за енергетски ефикасни згради со материјали како дрво наместо бетон.

Фото: Тhe Spark