Thomas Cook се враќа на туристичката сцена, овој пат само преку интернет

8

Туристичката агенција, Thomas Cook, наскоро почнува со работа, по минатогодишниот колапс што значеше затворање на голем број работни места. Новиот сопственик, кинеската групација Fosun tourism, планира да го ограничи давањето услуги само преку интернет, пишува ВВС.

Thomas Cook нема да има своја флота од авиони, а се очекува да почне со работа за неколку недели за да го искористи почетокот на сезоната на резервации за идното лето.

Туристичката агенција со 179-годишна традиција пропадна минатата година поради финансиските проблеми предизвикани од тогашната несигурна ситуација во Турција, доцнење на резервации поради Брегзит, енормно високите температури во текот на летниот период и слично.

Фото: Pixabay