Тиквеш ќе ја распределува добивката од 2014 година

24

tikves

Винарската визба Тиквеш донесе одлука за распределба на остварената добивка од работењето во 2014 година, објавена на Македонска берза.

Компанијата во текот на минатата година оствари нето добивка во висина од 38.788.492 денари, од кои за законски резерви ќе се одвојат 5.818.274 денари, додека добивка за реинвестирање остануваат 32.970.218 денари.

“Износот од 32.970.218 денари распореден во добивка наменет за реинвестирање да се користи во 2015 година за вложувања во нови инвестиции“, се вели во одлуката.