Тиквеш планира инвестициите во 2016 година да достигнат 41,5 милиони денари

52

tikves

Винарската визба Тиквеш планира инвестициите во 2016 година да достигнат ниво од 41,5 милиони денари, стои во Деловниот план за 2016 година објавен на Македонска берза.

“Инвестициите во 2016 година ќе достигнат ниво од 41,5 милиони денари. Најголем дел отпаѓа на набавка на опрема за преработка и одлежување на вино за подобрување на квалитетот на производите, а помал дел на реконструкција и надградба на градежните објекти во делот на винарницата“, стои во планот.

Главните определби на компанијата за 2016 година, како што се наведува, се: зацврстување на регионалната лидерска позиција и силна географска експанзија, иновации и развој на портфолиото на брендови, како и регрутација и развој на човечки потенција на сите пазари.

“Меѓу клучните комерцијални лице, на домашниот пазар планиран е понатамошен развој на продажната сила и интензивирање на соработката со постоечките дистрибутери. На пазарите надвор од Македонија во план е и развој на нови продажни модели што ќе обезбедат унапредување на продажните резултати“, планираат од Тиквеш.

Бруто приходите планирани се на ниво од 1,292 милиони денари, што е зголемување од 9% во споредба со 2015 година. Во вкупната реализација во обем, домашниот пазар учествува со 48% додека извозните пазари учествуваат со 52%. Нето добивката пред оданочување се проценува, како што се наведува, да се зголеми за 5% во однос на претходната година.