Тиквеш со деветмесечна добивка од 71 милион денари

36

Винарската визба Тиквеш, во период од први јануари до 30-ти септември, прикажа добивка од 71.092.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата оствари добивка од 63.109.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, достигнаа вредност од 1.137.903.000 денари. Поголемиот дел од 672.444.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 465.459.000 денари е реализиран преку продажба на пазари во странство.

Фото: Pixabay