Тиквеш со добивка од 20,8 милиони денари го заврши првото тримесечје

35

Винарската визба Тиквеш, во период од први јануари до 31-ви март, оствари вкупна сеопфатна добивка од 20.813.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, добивката на компанијата изнесуваше 18.738.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Тиквеш, заклучно 31-ви март, достигнаа ниво од 428.326.000 денари. Од тој износ, 228.235.000 денари отпаѓаат на продажба на домашен пазар, додека остатокот од 200.091.000 денари е од странски пазари.

Фото: Freepik