Тиквеш со добивка од 27,9 милиони денари од јануари до септември оваа година

3

tikves

Винарската визба Тиквеш, од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 27.993.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех.

Истиот период лани, компанијата евидентираше добивка од 22.186.000 денари.

Заклучно со крајот на септември оваа година, вкупните приходи од продажба достигнаа вредност од 959.415.000 денари. Поголемиот дел од 567.503.000 денари е остварен на домашен пазар, а остатокот од 391.911.000 денари е продажба во странство.