Винарската визба Тиквеш, од први јануари до 30-ти јуни оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 19.839.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во првото полугодие од минатата година, винарската визба оствари добивка од 17.007.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни оваа година, достигнаа ниво од 615.829.000 денари. На домашен пазар, од тој износ, се остварени 364.926.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата достигна 250.903.000 денари.