Тим Кук навести дека Apple влегува во проект со автономни возила

74

Првиот човек на Apple, Тим Кук, навести дека компанијата влегува во проектот за автономни автомобили, за кој се шпекулираше со месеци.

“Според мене, автономијата е основна технологија. Ако се оддалечите некако, автомобилот е робот на многу начини. Автономен автомобил е робот. И, можете да направите толку многу работи со автономијата. Ќе видиме што ќе прави Apple“, рече Кук во интервју за CNBC.

“Внатрешно истражуваме толку многу работи. Многу од нив никогаш не ја гледаат светлината на денот. Не велам дека ќе биде исто и во овој случај“, додаде Кук.

На прашање дали Apple работи на самиот автомобил или технологијата во автомобилот, Кук одби да даде коментар.

“Ние сакаме да ги интегрираме хардверот, софтверот и услугите и да најдеме точки каде сето тоа се вкрстува затоа што мислиме дека таму се случува магијата. И тоа е она што сакаме да го правиме. И ние сакаме да ја поседуваме примарната технологија што е околу неа “, рече тој.

Ројтерс во декември објави дека Apple напредува со технологија за автономни автомобили и планира да произведе патничко возило што би можело да ја вметне сопствената технологија за батерии уште во 2024 година.