Тимот на Стопанска банка со најдобро креативно решение

27

stopanska-banka Тимот на Стопанска банка, Милица Неделковска, Кристина Николовска, Владислав Мишев, Стефан Пеповски и Бранко Марсениќ, победи на дводневниот натпревар за најдобро креативно решение за бизнис студија на случај Македонија 2012 што го организира Бледската школа за менаџмент (ИЕДЦ) Алумни клубот од Македонија, во конкуренција на шест тима.
“Нашиот тим беше балансирано организиран преку вклучување на различни профили на професионалци што ни овозможи полесно да се организираме и да го оствариме денешниот успех. Конкуренцијата беше дополнителен стимул да дадеме се од себе, меѓутоа сметаме дека клуч на успехот беше тимскиот дух и фактот што не заборавивме да уживаме во овој несекојдневен предизвик. Среќни сме што постигнавме успех и што ќе ја претставуваме Македонија и Стопанска банка на регионалното натпреварување. Им благодариме на Бледската школа за менаџмент за одличната организација на натпреварот и корисните совети и препораки кои ни ги даваа за време на натпреварот”, изјави Милица Неделковска.
Натпреварот за бизнис студија на случај секогаш се занимава со реални компании и со реални проблеми или предизвици. Тимовите имаат време од 24 часа да се подготват за презентација и креативно решение за дадениот проблем пред комисија составена од професори. Исто така имаат шанса за пробна презентација и со повратни информации и совети од членовите на комисијата се дозволени уште неколку часа за финална презентација пред да се прогласи победникот.
Бизнис натпреварот Студија на случај се одржа во четири земји од регионот. Главната цел е промовирање бизнис образование и конкурентност на компаниите. Наградата за победничкиот тимови на поединечни земји е учество на тимот на еден од изборни МБА курсеви во ИЕДЦ-Блед школа за менаџмент. Тимот кој ќе победи на својата земја, исто така, добива право да се квалификуваа за Глобал Студија на случај конкуренцијата.