Тимски играчи

9

mravki-pixabay

Фото: Pixabay

Изборот на тим за квалитетно и навремено извршување на задачите и работните обврски е од големо значење. Баш поради тоа, изборот на членовите на тимот треба да биде соодветно направен. Лошиот избор или несоодветниот кадар со кои располагате доведува до грешки и неквалитетна изработка на поставените задачи.

При избор на луѓе, за тимот, потребно е да се знае дека секоја индивидуа поседува одредени карактeристики. Секој од нив има одреден карактер и вие сте тие кои треба да знаете како тие карактери ќе се вклопат во целата приказна. Во прилог се некои од карактеристиките коишто треба да ги поседуваат членовите на тимот:

  • Сигурност – да знаете дека можете да се ослоните на него/нејзе. Да знаете дека кога нешто е кажано, ќе биде спроведено, а не да треба да го проверувате постојано.
  • Комуникација – во тимот, потребно е луѓето да имаат свое мислење и да знаат убаво, јасно и концизно да го кажат. Во тимот е потребна искрена комуникација. Тимот нема потреба само од „слепи“ следбеници.
  • Слушање – За да функционира перфектно еден тим, потребно е активното слушање . Во тимот се потребни луѓе кои пренесената информација ќе ја разберат, процесираат и ќе ја извршат, но ако имаат потреба за дообјаснување, ќе побараат помош.
  • Активни членови – добрите членови на тимот треба да се максимално активни во работата. Доаѓаат подготвени, секогаш се точни, активно учествуваат на состаноци, итн. Максимално се инволвирани во квалитетно извршување на работите.
  • Споделување – тимските играчи активно ги споделуваат своите искуства со другите. Тие не се срамат да помогнат на другите преку нивните искуства. Но, сакаат и да ги слушнат туѓите искуства. Се дружат со членовите на тимот и тие дружби ги користат за споделување на информации.
  • Помош – тие се секогаш од помош за успешно извршување на задачите, но и да им помогнат на другите. Нивната несебичност во тоа е лесно препознатлива.
  • Решавање на проблеми – тимовите речиси секогаш се сочуваат со проблеми, па дури понекогаш се создаваат тимови за да го најдат проблемот. Тимските играчи сакаат да се соочат со проблемите и се насочени кон нивно решавање, а не нивно одложување или запоставување.

Како што можете да видите, има доста карактеристики кои се важни кај тимските играчи. Ако сте дел од тимот или сакате да сте дел од тимот, мора да знаете дека треба да се придржувате кон правилата коишто се наметнати. Ако сакате да останете и да бидете дел од тимот, тогаш ќе треба да работите на промени на некои ваши карактеристики.

Со успех во промените.