ToMontenegro вработува само квалитетен кадар

31

Владата на Црна Гора на седница закажана за 28-ми овој месец ќе одлучува за избор на кандидати за работа во новата национална авиокомпанија ToMontenegro.

Целта на владата е во новата државна компанија да бидат вработените најкомпетентни и квалитетни кадри. Владата ги повика заинтересираните да достават биографии и мотивациони писма, пренесуваат црногорските медиуми.

Покрај тоа, црногорската влада оваа недела ќе распише меѓународен тендер за консултанти за стартување на новата национална авиокомпанија.

Фото: Freepik