Топ менаџерите во Хрватска со 115% повисока плата од просечната

14

kuni

Топ менаџерите во Хрватска имаат 115% повисоки плати од просекот, покажува истражувањето на порталот MojaPlaća.hr, пишува ХРТ.

Истражувањето кое опфаќа 345 работни места во 36 професии, покажува дека освен категоријата топ менаџери, кои имаат 115% повисока плата од просечната, најплатени професии се оние од подрачјето на технологија и развој, со плата повисока за 55% во однос на просекот, човечки потенцијал (37%), телекомуникации (35%), управување со квалитет (31%) и информатичка технологија (29%).

Најмали просечни плати имаат работниците во помошните занимања (43% пониски од просечната), услужни дејности (36%), текстилната и кожната индустрија (36%).

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна плата во јули била 750 евра.