Топ пет најтргувани акции во октомври

73

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, НЛБ Банка и Гранит се петте најтргувани акции на официјалниот пазар на Македонска берза во октомври, покажува Месечниот билтен.

Најголем раст, во текот на октомври, имаа акциите на: Лотарија на Македонија (27,36%), УНИ Банка (5,96%), РЖ Економика (2,94%), Бетон (2,39%) и Цементарница Усје (1,60%). Од друга страна, најголем пад има кај: ФЗЦ 11 Октомври (-28,17%), РЖ Техничка контрола (-16,83%), Хотели Метропол Охрид (-8,93%), Македонијатурист (-7,50%) и УНИ Банка (-5,83%).

Пазарната капитализација во октомври беше на ниво од 179.077.383.395 денари или пад од 0,77% во споредба со септември. Пораст од 4,61% има кај прометот, којшто во октомври се позиционираше на 427.260.792 денари. Во текот на минатиот месец се реализирани 1.376 трансакции или 21,01% помалку во споредба со септември.

Индексот МБИ 10 достигна вредност од 4.428,65 поени во октомври, што претставува пад од 1,26% во однос на еден месец претходно.