Топ три индустрии во кои вреди да се инвестира во пост корона периодот

569
Business man counting dollar banknote - online business concept

За време на пандемијата од Ковид-19, многу работи се сменија: за некои подобро, а за некои воопшто не. Меѓутоа, ако сте почетник во бизнисот, во пост-корона периодот имате можност да изберете на што ќе се фокусирате, што бележи раст и успех во претходните месеци. CNBC Make It зборуваше со три миленијалци од Сингапур и дојде до заклучок дека младите сега претпочитаат да вложуваат пари во продажба, храна и технологија.

Според Бен Свон (39), идејата е нашата иднина да биде поотпорна и да не да се повтори сценариото со недостаток на храна и празни полици, како што беше случајот низ целиот свет на почетокот на кризата. Поранешниот австралиски инженер започна бизнис во Сингапур во 2013 година. Владата на таа земја планира да инвестира повеќе од 200 милиони во идните стартапи и да го зголеми домашното производство на храна до 2030 година.

Во 2014 година, Хенри Чен ја основаше cashback платформата ShopBack, која им враќа на клиентите дел од парите за секоја набавка направена преку нивната апликација. Онлајн купувањето е особено во пораст за време на кризата, толку многу што луѓето целосно ги сменија навиките. Тие продолжуваат да купуваат преку интернет дури и сега кога продавниците се отворени.

Оваа година најголем успех бележат технолошките компании

Рохит Џа го основаше телекомуникацискиот старт – ап Transcelestial, затоа што смета дека Интернетот е нашата сегашност, но и нашата иднина. Според податоците на Обединетите Нации, на крајот на 2019 година околу 3,6 милијарди луѓе (46%) не биле поврзани на Интернет, што може да се промени во иднина. Џа вели дека неговата компанија гледа 50 години напред и се обидува да се прилагоди на брзите трендови што се случуваат во развиениот свет. Тој додава дека технологијата ќе биде сè поважна и неопходна од година во година.

Фото: Freepik