Toshiba доби понуда за преземање од 18 милијарди долари

56

Тргување со акциите на Toshiba е запрено откако технолошкиот гигант од Токио потврди дека доби прелиминарна понуда за преземање.

Јапонскиот бизнис весник, Nikkei информира дека инвестициониот фонд CVC Capital Partners, со седиште во Луксембург, е заинтересиран за преземање на јапонската компанија за 18 милијарди долари.

Toshiba соопшти дека побара повеќе детали околу понудата што ја доби во вторник, за да може “внимателно да ја разгледа“ и дека за донесената одлука ќе информира “во догледно време“.

CVC е меѓународна компанија што се занимава со инвестирање на приватен капитал и кредитирање, што управува со средства на повеќе од 300 инвеститори вредни околу 162 милијарди долари.

Фото: Facebook