Total ќе продава дел од малопродажната мрежа за дистрибуција на горива во Турција

33

total

Француската нафтена компанија Total ќе продаде дел од малопродажната мрежа за дистрибуција на горива во Турција на конгломератот Demirören за 325 милиони евра, пишува Today’s Zaman.

Total, којашто е втора нафтена компанија по големина во Европа, соопшти дека ги анализи своите позиции во Турција и смета дека не е во можност да опфати поголем удел на тамошниот пазар за да може да биде профитабилна.

Француската нафтена компанија претходно го претстави планот за намалување на инвестиции и бројот на работни места, откако цените на горивата забележаа тренд на намалување.