Total ќе сади 40.000 хектари шума во Конго

38

Енергетската компанијата Total со француската консултантска компанија Foret Ressources Management планира да посади шума од 40.000 хектари во Конго.

Се верува дека со новиот шумски појас ќе се овозможи апсорбирање на повеќе од 10 милиони тони јаглерод диоксид во текот на 20 години.

Најголем дел од шумата ќе биде засадена со стебла Acacia mangium и auriculiformis, видови за коишто се очекува да го поддржат локалниот биолошки диверзитет.

Се верува дека над 10 милиони хектари од резерватот во Конго е одличен начин за борба против климатските промени на глобално ниво и ќе бидат единствена прилика за одржлив општествено – економски развој во изолираните земји од регионот.

Фото: Facebook