Toyota започнува со производство на нов хибриден модел во Турција

24

Фото: Pexels

Јапонскиот производител на автомобили, Toyota започнува масовно производство на новиот хибриден модел на Corolla во Турција од јануари следната година, пишува агенцијата Анадолија.

“Хибриден автомобил од овој сегмент за прв пат ќе се произведува во Турција“, вели Мустафа Варанк, министер за технологија и индустрија на Турција.

Новиот модел на Toyota Corolla е со 50% пониска потрошувачка на гориво и од Турција ќе се извезува во 100 земји од светот.

Следната 2019 година, Toyota Corolla Saloon Hybrid ќе биде 12-тата генерација од овој модел, што за прв пат почна да се произведува во 1966 година.

Toyota во Турција го лансираше првиот хибриден автомобил C – HR во октомври 2016 година.