Трамп ја промовира својата интернет страница

52

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп отвори сопствена интернет-страница www.45office.com, со цел да остане во контакт со своите приврзаници и да ги презентира достигнувањата на својот мандат.

На почетната страница има повеќе фотографии од Трамп со познати личности, како и со неговата сопруга Меланија.

На сајтот исто така се прикажани и постигнувањата на Трамп, вклучително во енергетскиот сектор и безбедноста на границата, зајакнувањето на НАТО и неговата борба против пандемијата со Ковид-19.

 

Канцеларијата на  Доналд Трамп е посветен на зачувување на славниот период од неговата администрација, истовремено промовирајќи ја програмата “Америка  на прво место”, се наведува на  почетната страница.
Фото: Facebook