Трамп планира да основа сопствена социјална мрежа која “ќе ги смени правилата на игра“

68

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој е суспендиран од Twitter и другите социјални мрежи по нападот на Капитол на 6 јануари, планира да отвори сопствена платформа за два-три месеци, рече негов виш советник.

Џејсон Милер, портпарол на кампањата на Трамп, рече дека тој ќе се врати во просторот на социјалните мрежи со сопствена платформа која “потполно ќе ја промени играта“.

Twitter, кој беше главната комуникациска алатка на Трамп за време на неговите претседателски денови, во јануари трајно го укина неговиот профил со 88 милиони следбеници. Неговата страна беше укината поради  поттикнување на насилство и по немирите на неговите приврзаници во Капитол Хил.

На Трамп привремено или трајно му е забранет пристап и до други платформи и социјални мрежи како што се Facebook, Instagram, YouTube и Snapchat.

Фото: Facebook