Третата најголема светска економија бележи најнизок БДП во историјата

Јапонија го забележа својот најнизок БДП во историјата на мерењата заради намалена потрошувачка за време на пандемијата предизвикана од болеста Ковид-19.

Третата најголема економија во светот падна за 7,8 % во вториот квартал во однос на претходниот.

Ова е годишна стапка на пад од 27,8 %, што е најлошата стапка откако започна мерењето на БДП-то во таа земја.

Потрошувачката во Јапонија падна за 8,2 % во последниот квартал, бидејќи компаниите низ целата земја ги прекинаа своите активности за време на шестнеделните строги мерки на ограничување во април и мај, пренесува CNN.

Во август, во Јапонија се регистрирани повеќе од 19.000 нови случаи на Ковид-19, што е приближно една третина од вкупниот број регистрирани заболени во таа земја од почетокот на пандемијата.

Фото: Pixabay