Трето издание на Research@Intel Europe во Барселона

26

Двата главни настани на Интел кои се фокусираат на европското истражување, развој и иновации Истражување@Интел Европа (Research@Intel Europe) и Европската конференција за истражување и иновации (ERIC), се одржаа во Барселона, Шпанија на 22 и 23 октомври 2012 година. И двата настани соединија на едно место повеќе од 400 делегати од академии, влади, индустрии и медиуми.

Џастин Ратнер, главниот директор за технологија и директор на Интел лабс, го откри Facets of Future Life кој е приказ на повеќе од 15 иновативни истражувачки проекти на Интел лабс Европа. Овие истражувачки проекти ќе помогнат да се трансформира технологијата која ќе ги промени животите на луѓето во наредните десетина години, од компјутеризирани градови, домови, канцеларии, автопати, начинот на кој комуницираме и возиме. Интел исто така ја прикажа 10 годишнината од „Галеријата на познатите“, каде ги истакна клучните технологии кои произлегле од Интел лабс и прераснале во производи на пазарот во изминатата декада.

Темата на ERIC 2012 беше “Градење на паметно, одржливо и инклузивно општество преку создавање партнерство помеѓу истражување и иновации”.

10 годишнина на Интел Барселона

Центарот за истражување и развој на Интел во Барселона оваа година ја слави својата десет годишнина. Лоциран на Политехничкиот универзитет во Каталонија, овој центар е еден од основачките членови на Интел лабс Европа во 2009 година. Интел Барселона беше основан во 2002 година и врши истражувања за хардверска и софтверска технологија за идни микропроцесори. Исто така Интел Барселона придонесе во дизајнирањето на втората генерација јадрени процесори, под името Sandy Bridge и има посебен фокус на истражување во тера процесори кои содржат многу јадра со способност да водат повеќе задачи истовремено.

Натпревар по научно претприемништво

Овој 24 часовен натпревар е интензивно искуство кој вклучува студенти од цела Европа кои ги применуваат своите претприемнички вештини. На овој натпревар во Барселона, учествуваа поранешни учесници на претприемничките програми од Меѓународниот саем за наука и инженерство и Џуниор ачивмент – Млади претпријатија во Европа. Со соединувањето на група од 32 млади луѓе, некои со научно, технолошко, инженерско и математичко знаење и други со деловно и претприемничко искуство,  се обезбеди разновидна платформа за раст на иновацијата и проширување на хоризонтите на студентите.