Тревис Каланик го напушта бордот на директори на Uber

69

Коосновачот на Uber, Тревис Каланик ја напушта позицијата од бордот на директори во компанијата, пишува The Verge. Оваа информација доаѓа откако Каланик продаде повеќе од 90% од своите акции во компанијата за над 2,5 милијарди долари.

Последниот работен ден на Каланик ќе биде на 31-ви декември оваа година, по што, како што изјави “ќе се фокусира на нови бизниси и филантропија“.

“На крајот на оваа декада и откако компанијата почна да се котира на берза, изгледа дека е вистинско време да се фокусиран на мојот тековен бизнис и на филантропски активности“, изјави Каланик.

Времето додека тој беше на чело на Uber, беа забележани голем број скандали и контроверзи.

Фото: Facebook