Трговците се “гушат“ во залихите на облека, кој би можел да профитира од тоа

180

Голема распродажба е веќе најавена низ цела Европа, бидејќи на трговците не им одговара тоа што ланската стока е во нивните магацини.

Поради залихите на непродадена облека во вредност од стотици милијарди евра, европските и американските модни брендови и трговците на облека значително ги намалија нарачките во азиските текстилни фабрики за пролетната колекција. Според Ројтерс, глобалната текстилна индустрија се надева дека 2021 година ќе биде далеку подобра од претходната година, кога побарувачката за облека падна за 17 % поради затворањето на земјите и трендот на работа од дома.

Консалтинг фирмата McKinsey проценува дека глобалната вредност на непродадената облека во продавниците и магацините е помеѓу 140 и 160 милијарди евра. Тоа е двојно повеќе од вообичаените нивоа. Некои големи трговци истакнуваат дека тие се “гушат“ во залихите на облека од минатата година, што нормално би се распродало за време на есенските и зимските попусти.

На пример британскиот бренд Primark откри дека во магацините е заробена гардероба за сезоната пролет – лето, вредна 150 милиони фунти и 200 милиони фунти вредна колекција есен – зима.

Трговците со облека исто така внимаваат дополнително да не натрупуваат залихи, истакнува Рон Фраш, поранешен претседател на компанијата Saks Fifth Avenue. Дел од трговците се обидуваат да продадат барем дел од залихите, но поголем дел ќе завршат на отпад, а со тоа ќе процвета бизнисот на оние кои се занимаваат со рециклирање на текстил.

Фото: Pixabay