Трговската размена на Кина во април порасна за 37% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на царинската управа. Резултатите се одраз на домашната и странската побарувачка, но и тешките последици од пандемијата во 2020 година.
Извозот на Кина во април се зголеми на 32,3% во однос на истиот период лани, означувајќи дека земјата има силен раст во однос на првите месеци од пандемијата.
Увозот во исто време забележа голем скок од 43,1% поради повисоките цени на суровините, закрепнување на домашната побарувачка и силниот јуан.
Фото: Pexels











