Фото: Geralt / Pixabay
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари оваа година, достигна вредност од 250.565.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – февруари 2017 година, изнесува 702.833.000 евра и бележи пораст од 10,8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 953.399.000 евра што е за 14,6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – февруари 2017, изнесува 73,7%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари – февруари 2017 година, според вкупниот обем на надворешно – трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.