Трговски дефицит од 574,2 милиони евра за четири месеци

19

kontejneri-tovarni-pexels

Фото: Pexels

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2017 година, изнесува 574.235.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – април 2017 година, изнесува 1.525.839.000 евра и бележи пораст од 12,9% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 2.100.074.000 евра.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – април 2017, изнесува 72,7%. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – април 2017 година, според вкупниот обем на надворешно – трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.