Трговски дефицит во јануари оваа година достигна 68.777.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трговскиот дефицит во јануари 2016 година изнесува 68.777.000 евра, што претставува намалување за 6,7% во однос на истиот период од минатата година.
Вкупната вредност на стоковната размена на Република Македонија со странство, во јануари 2016 година, изнесува 638.325.000 евра и бележи пад од 2,9% во однос на истиот период од минатата година.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2016 година, изнесува 284.774.000 евра и бележи пад од 2,4% во однос на истиот период од минатата година, а вкупната вредност на увeзената стока, во истиот период, изнесува 353.551.000 евра, што е за 3,3% помалку во споредба со истиот период од минатата година.
Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2016, изнесува 80,6%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.