Трговски дефицит од 746,2 милиони евра во периодот јануари – мај

13

evra-kukicka-pexels

Фото: Pexels

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2017 година, изнесува 746.253.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – мај 2017 година, изнесува 1.964.512.000 евра и бележи пораст од 15,1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 2.710.765.000 евра што е за 12,1% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – мај 2017, изнесува 72,5%. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – мај 2017 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.