Три американски компании заедно вредат над три илјади милијарди долари

50

Клубот на компании од Wall Street, чија вредност надминува илјада милијарди долари доби уште еден член, пишува CNN.

Акциите на матичната компанија на Google, Alphabet, достигна пазарна вредност од илјада милијарди долари. Alphabet им се придружи на Apple и Microsoft, коишто важат за компании кои вредат најмалку илјада милијарди долари. Apple е највредна компанија во САД со пазарна вредност од 1,4 илјади милијарди долари, а вредноста на Microsoft се проценува на 1,3 илјади милијарди долари.

Ова се случува за прв пати, три американски компании во исто време да имаат вредност од илјада милијарди долари. Највредната компанија на глобално ниво, Saudi Aramco има моментално вредност од 1,8 илјади милијарди долари.

Amazon, којшто сега има вредност од 930 милијарди долари, беше втората американска компанија што достигна вредност од илјада милијарди долари во септември 2018 година. Во тоа време, Apple беше единствената компанија со пазарна вредност што надминува илјада милијарди долари.

Фото: Pexels