Три банки треба да платат казна од 28,5 милиони евра

13

Европското регулаторно тело за заштита на пазарна конкуренција изрече парична казна на три банки (Credit Suisse, Credit Agricole и Bank of America) во вкупен износ од околу 28,5 милиони евра поради договарање на тргување со американски обврзници преку социјалните мрежи.

Највисока поединечна казна од 12,6 милиони евра доби Bank of America, швајцарската Credit Suisse треба да плати 11,9 милиони евра, а француска Credit Agricole 3,9 милиони евра, пренесува Bloomberg.

Deutsche Bank, исто така, била дел од банкарскиот картел, но избегнала потенцијална казна од околу 21,5 милиони евра бидејќи прва ја информирала Европската унија за незаконското дејствување.

“Трговците се договарале за трговските стратегии, разменувале чувствителни информации и ги координирале цените“, вели Маргарет Вестагер, европска комесарка за конкуренција.

Со таквото однесување, овие инвестициони банки, ја ограничиле конкуренцијата на пазарот на којшто инвестициони и пензиски фондови редовно купуваат и продаваат обврзници во име на своите инвеститори и пензионери.

Фото: Freepik