Три конзорциуми заинтересирани за лиценцата на Турската лотарија

22

loto

Три конзорциуми, вклучувајќи го оној меѓу инвестицискиот фонд KKCG и компанијата Emma Capital, како и италијанската компанија за игри на среќа GTECH SpA, поднесоа барање за лиценца за работа со Турската национална лотарија, пишува турски Заман.

Од Агенцијата за приватизација на Турција информираат дека во трката за лиценцата се вклучуваат и конзорциумите Net Sans Hitay и ERG Ahalrci. Лиценцата ќе има важност од 10 години, а последниот рок за поднесување на барања беше крајот на минатата работна недела.

KKCG и Emma Capital, дел од групацијата Emma, минатата година се здружи со повеќе инвеститори со цел да го купи контролниот пакет акции во грчкиот монопол на обложувалници OPAP, што беше прва голема приватизација за спас на Грција од големата економска криза.