Три лаги во коишто веруваме откако нема да ја добиеме работата

104

По лошиот разговор за работа изгледа како целиот свет да ни се срушил. Понекогаш без разлика на работното искуство образование и знаење, едноставно не можеме да ја добиеме работата и тогаш е невозможно да го избегнеме чувството на разочарување, што ни ја руши самодовербата.

Кога ќе стигне веста дека не сме ја добиле работата, си го поставуваме прашањето каде сме погрешиле и како во нас лежи проблемот. Тогаш експертите велат дека сме склони да веруваме во овие лаги:

Не сме доволно добри за ваква работа ни во други компании

Дури и кога одбивањето не изгледа грубо, туку на пријателски начин ни пристапат и соопштат дека сепак се одлучиле за друга личност, размислуваме каде сме погрешиле.

Тоа што во една компанија одлучиле дека некој друг повеќе им одговоара за одредена позиција, не значи дека не сме добри за таа работа, односно дека секоја компанија би одлучила исто. Сигурно и работодавачот немал едноставна задача кога требал да одлучи и избере. Често пати и тие не можат да се одлучат помеѓу два или повеќе кандидати, кој би бил најдобар.

Ја изгубивме најдобрата шанса за работа

Невработените личности, по неколку неуспешни разговори, кога доаѓаат до последниот круг од селекцијата и не ја добиваат работата, се чувствуваат лошо бидејќи мислат дека ја изгубиле најдобрата шанса.

Верувајте тоа не е единствената работа од соништата, а сигурно по некое време ќе излезе друг оглас, поради кој со задоволство ќе ја дотераме кратката биографија и самоуверено ќе се појавиме на разговор за интервју.

Не можеме да сториме ништо за да се поправиме

Без разлика колку сме талентирани и паметни, кога нема да ја добиеме работата, тоа не разочарува. Но, тоа значи дека има уште простор за подобрување на кое можеме да поработиме.

Присетете се на прашањата на претходниот разговор за работа и одговори, дали може подобро да се презентирате, да дадете подобар одговор… Може треба да најдеме начин како подобро да се брендираме.

Фото: Pixabay