Три милиони евра им се достапни на македонските жени претприемачи за да ја реализираат својата бизнис идеја или да го развијат својот бизнис. Средствата се обезбедуваат преку Програмата за жени во бизнисот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а ќе се пласираат преку Охридска банка, за чија реализација вчера беше потпишан договор во Скопје. Средствата се обезбедени преку грантови од владите на Италија, Шведска, Луксембург и Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР, пишува Миа.
Ова е прва програма во Македонија која покрај финансиски средства обезбедува и техничка помош. Треба да обезбеди развој на македонската економија и подобрување на конкуреноста на компаниите. Програмата помага на претпријатијата раководтени од жени да обезбедат финансии и практично знаење за да го развијат нивниот бизнис. Преку партнерските финансиски институции комбинира техничка помош за поддршка на жените претприемачи преку обуки, советодавни проекти, менторство и други активности за развој на бизнисот.
Програмата ќе се спроведува во наредните три години. Средствата ќе бидат достапни за инвестиции со рок на отплата до осум години и грејс период до 12 месеци и за обртни средства со рок на отплата од три години и грејс од 6 месеци.