Три совети за подобра бренд кампања

64

marketing

Фото: Pixabay

Постојат два најпознати начини на маркетиг, директен и брендирање. Во директниот маркетинг ги движиме луѓето заедно со продажниот процес. Бренд маркетингот е посуптилен и многу потежок. Бренд кампањите не можат да бидат само теоретски. Тие мора да се поврзат со нешто реално и практично за клиентите и потенцијалните потрошувачи, дури и ако не даваат информации за производот. Бренд кампањите започнуваат со темелно планирање, што ги содржи следниве 3 чекори:

1. Разбирање на потребите на клиентите

Најголемата грешка што можете да ја направите е да мислите дека бредот е наменет за вас. Брендот всушност е како другите ве восприемаат вас. Таа перцепција вклучува квалитет на производот, репутација, вредност, однос со клиентите и влијанието на околината. Перцепцијата на односот на вашата компанија со останатите се заснова на она што вие го барате и тоа што го нудите. Без потреба на потрошувачите и нивните очекувања, не може да има бренд, бидејќи се што ќе остане е вакуум. Затоа пред да размислувате за вашиот бренд, прашајте ги вашите потенцијални клиенти што сакаат.

2. Емоциите се првенствени

Потребите не се само психолошки, туку тие се и емоционални. Всушност, повеќето од нештата што луѓето ги сакаат се емоционални. Во најлошите ситуации компаниите се обидуваат да го капитализираат стравот, несигурноста или желбите, и се трудат да ја пополнат празнината што некој ја чувствува. Таквиот пристап е за морална осуда, бидејќи ги искористуваат луѓето. Одредено време ќе имаат успех, но никој нема да ги сака. Наместо тоа, погледнете ги емоциите на луѓето во поголемата смисла на зборот. Тие сакаат да бидат разбрани. Сакаат да соработуваат со некој што ги разбира.

3. Секогаш понудете нешто реално

Секоја реклама е потенцијален пакт. Бидете сигурни дека има нешто реално и дека понудата се поврзува со она што публиката навистина го бара. Ветувањето треба да биде јасна порака дека компанијата го разбира она што му се случува на клиентот и дека може да му помогне. Тоа ве става право во средиштето на толпата. Ако вашата компанија и бренд не може да одговори на потребите на клиентите, тогаш треба да го изнајдете начинот или ќе си одите од бизнисот. Но, ако има нешто погрешно во вашиот бренд, рекламирањето нема да ја спаси вашата компанија.