Триглав со рекордна добивка во 2012 година

45

triglavДобивката на Триглав Група пред оданочувањето во 2012 година, според прелиминарните проценки изнесува 89,7 милиони евра, а чистата добивка 73,2 милиони евра, пишува Дело. Добивката од 2011 година, Триглав ја надминал за 56%.

Матичната Заваровалница Триглав лани остварила 65,6 милиони евра добивка пред оданочувањето и преку 50,4 милиони евра по оданочувањето. Најголемата осигурителна куќа во Адриа регионот пресметала 936,3 милиони евра бруто премии, а само Заваровалница 647,6 милиони евра.

Од компанијата најавуваат дека имаат големи планови за регионот. На пазарот на поранешна Југославија, најатрактивни за Триглав се очекуваната приватизација на хрватското Кроација осигурување и српската осигурителна компанија ДДОР, пишуваат медиумите.