Тркалезна маса за металниот сектор

33

Стопанската комора на Македонија денес организира тркалезна маса за металниот сектор на тема Металниот комплекс – стратешка гранка за развој на националните економии и економијата во ЦЕФТА-регионот.

Настанот е во согласност со усвоената програма на партнерскиот проект ЦЕФТА-ДИХК и е посветена на бизнис-заедницата, стопанските комори, претставници на Владата.

“Тркалезната маса се очекува да ги идентификува состојбите во металниот комплекс во ЦЕФТА-регионот, проблемите и предизвиците, како и да испорача препораки до владите овој комплекс да прерасне во движечка сила за очекуваниот развој во регионот”, соопшти Стопанската комора.

Стратегијата 2020 за Југоисточна Европа цели, меѓу другото, кон раст на вработеноста преку зајакнување на индустриската база во регионот, унапредување на извозот на високо финализирани производи и кон зголемување на интрарегионалното вмрежување на производството, посочуваат од Комората.